logo
logo
logo

Сергеј Ќетковиќ на 3 август кани на ОХРИДСКА РОМАНТИКА – Голем концерт во Антички театар!

Vecer | 24.06.2025

Сергеј Ќетковиќ на 3 август кани на ОХРИДСКА РОМАНТИКА – Голем концерт во Антички театар!

Заокружете го 3 август – вечерта кога во магичниот амбиент на охридскиот Антички театар, под ѕвезденото небо Сергеј Ќетковиќ во придружба на Битолскиот камерен оркестар, ќе ги отпее своите најголеми хитови.

Црногорскиот романтичар ветува незаборавна дружба, за што по двата фантастични скопски концерти и нема сомнеж, но и потсетување на вечните хитови како „Љубав“, „Погледи у таму“, „Пола мога свијета“, „Нису ми дали да те волим“ и „Прстен на сто“...

Овој концерт не е само музичко случување, тој е и остварување на една голема желба на Сергеј, кој, вели, дека секогаш со задоволство се враќа во Охрид и одамна посакувал да запее среде еден од најубавите локалитети во градот под Самоиловите тврдини, да ја почувствува магијата на Античкиот театар и преку музиката да ја однесе публиката на незаборавно патување низ најдлабоките чувства и приказни за љубовта.

„Музиката е гласот на нашите најдлабоки чувства“, вели Сергеј, а токму таа ќе нè води низ ова волшебно патување полно со емоции.

Влезниците за охридскиот концерт веќе се пуштени во продажба, и тоа по цени од 900 до 1500 денари – преку мрежата на https://yournextevent.info/event.php?id=153, и на продажните места Кај Аждар – Охрид, Саде-С Тобака – Скопје, Да-Ми компани Тобако – М.А. Ченто, Тобако 51 – Прилеп, City Point (позади Нама & во Citymall) – Штип и Димпо Тобака – Битола.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од оваа волшебна ноќ и да ја доживете магијата на песните на Сергеј Ќетковиќ како никогаш претходно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk