logo
logo
logo

Фото: Пит Дејвидсон и Елси Хјуит чекаат дете

Vecer | 17.07.2025

Фото: Пит Дејвидсон и Елси Хјуит чекаат дете

 Манекенката - глумица ја потврди веста на Инстаграм, објавувајќи фотографија од Дејвидсон како ја држи раката на нејзиниот труднички стомак, со хумористичен натпис.

„Сега сите знаат дека имавме секс“, се пошегува Хјуит.

Таа објави и ултразвук-снимка од првиот преглед. Набрзо следеа бројни честитки од нивните следбеници и најблиски.

Дејвидсон и Хјуит првпат беа забележани заедно во март оваа година, откако беа видени како уживаат заедно во Палм Бич, Флорида, САД. Недолго потоа, Хјуит ја официјализираше врската на Инстаграм, објавувајќи видео од Дејвидсон во бањарка како гледа цртан филм и се смее. Следеа уште неколку заеднички патувања.

Пред осум месеци, познатиот комичар ја прекина врската со глумицата Меделин Клајн, а Хјуит претходно беше со глумците Џејсон Судејкис и Рајан Филип, кого го тужеше во 2017 година за наводно семејно насилство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk