logo
logo
logo

Жестоки борби во Кан Јунис - новиот епицентар на војната во Газа

Vecer | 11.12.2023

Жестоки борби во Кан Јунис - новиот епицентар на војната во Газа

Појасот Газа и денеска е цел на силни израелски воздушни напади, кои се случуваат во време на закани од палестинското исламистичко движење Хамас дека нема да ги ослободат преостанатите „живи“ заложници без преговори и дека бараат исполнување на сите нивни барања.

Во текот на ноќта беа извршени силни воздушни напади врз градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа, кој е новиот епицентар на војната. Кан Јунис моментално е дом на стотици илјади цивили кои, по совет на Израел, избегаа од другите делови на палестинската енклава кога почнаа бомбардирањата во Газа.

Исламскиот џихад, другото вооружено исламистичко движење во Газа, соопшти дека во делови на градот Газа се водат тешки борби.

Во однос на повторуваните израелски повици жителите на Газа да се евакуираат од целиот Појас, Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) вели дека ниту еден дел од енклавата не е безбеден за жителите.

- Изгубивме повеќе од 130 колеги, половина од нив беа убиени во централните и јужните области, изјави за Ал Џезира Џулиет Тума, директор за комуникации во УНРВА. „Ова е само еден пример што покажува дека никаде не е безбедно“.

Израелската армија денеска информира дека од Газа биле истрелани ракети, како и дека вчера се воделе „жестоки битки“ во секторите на градот Газа и во Кан Јунис.

Палестинското движење Хамас вчера предупреди дека ниту еден од заложниците кои беа киднапирани за време на нападот на 7 октомври и се уште се во Појасот Газа нема да замине „жив“ без преговори и „без одговор на нивните барања“./МИА 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk