logo
logo
logo

Шпанскиот премиер обвинет за профитирање од „геј бордел“ - сопственикот бил неговиот дедо (ФОТО)

Vecer | 11.07.2025

Шпанскиот премиер обвинет за профитирање од „геј бордел“ - сопственикот бил неговиот дедо (ФОТО)

Шпанскиот премиер Педро Санчез е обвинет за профитирање од „геј бордели“ и сауни, наводно управувани од неговиот покоен дедо Сабињано Гомез.

Шпанскиот премиер Педро Санчез е под силен политички притисок откако лидерот на опозициската Народна партија, Алберто Феихо, го обвини Санчез во парламентот за профитирање од „геј бордели и сауни“, наводно управувани од неговиот покоен дедо Сабињано Гомез, пишува „Тајмс“.

Феихо рече дека Гомез ги искористил приходите од таа работа за да купи стан во Мадрид каде што живеел со својата сопруга Бегоња Гомез.

Како што објави претходно споменатата медиумска куќа, обвинувањата предизвикаа „бурна реакција“ во парламентот, додека владејачката Социјалистичка партија ги оцени тврдењата на Фејге како несоодветни и политички некоректни.

Санчез се соочува со дополнителни проблеми, бидејќи еден од неговите блиски соработници, Сантос Сердан, неодамна беше приведен под обвинение за корупција, мито и криминално заговарање.

Исто така, сопругата и братот на премиерот се соочуваат со обвинувања за злоупотреба на влијание и корупција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk