Украинскиот претседател Зеленски, по се изгледа, ги брои последните месеци на власт. Неговите спонзори од Западот се повеќе го критикуваат за екстремна корупција во Украина и за самоволие во планирање и спроведување на воените акции кои завршуваат со неуспех, а Зеленски ги реализира повеќе за да ја импресионира јавноста отколку за да има реален воен напредок.
Според информациите од воените експерти од летото до сега, со неуспешната офанзива која Зеленски ја спроведуваше спротивно на сугестиите од НАТО и САД, загинале околу 120.000 украински војници, загубено е над половина од воената помош добиена за летната офанзива, а се соочува со напредувањето од руска контраофанзива деновиве која веројатно ќе значи негов крај.
Зеленски ги откажа претседателските избори во Украина кои требаше да се одржат на пролет соочен со фактот дека популарноста дома му опаѓа, а власта му е загрозена со зголемената доверба на украинската јавност во веониот командант на украинските сили Валериј Залужни, но и отворените критики за владеењето на Зеленски, најконкретно лоцирани од градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.
Рејтингот на доверба на Украинците на врховниот командант Валериј Залужни ги надмина оние на претседателот Владимир Зеленски. За тоа сведочат податоците од анкетата на групата Рејтинг.
На Залужни му веруваат „целосно“ 63% од испитаниците (на Зеленски 39%), а 19% се изјасниле дека имаат „значителна доверба“ во Залужни (во претседателот Зеленски имаат 33%).
Односно, генерално довербата во врховниот командант останува на ниво од 82%, а во шефот на државата 72%. Судејќи според податоците на Рејтинг, довербата во Зеленски почна значително да опаѓа од јули 2023 година, кога започнала украинската офанзива.

На хипотетички избори на кои би учествувале и Зеленски и Залужни, ниту еден од нив не би победил во првиот круг (Зеленски би добил - 47,4%, Залужни - 30,7% кај оние што се одлучиле за нивната кандидатура).
Во вториот круг гласовите би биле поделени речиси подеднакво - Зеленски би добил 42%, а Залужни 40%.
Зеленски, кој својата власт ја темели на силен ПР, односно медумски наместо воени и политички акции, постојано зборува дека е заслужен што минатата пролет Украина вратила под контрола големи територии во областите Харков и Херсон но, факт е дека тие области се вратени откако Русија самата реши да се повлече од нив, без воени судири, заради немање доволно човечки ресурси да ги контролира, а не по воени акции на украинкста армија.
Арестович, првиот кандидат за наследник на Зеленски

Поранешниот прв советник на Зеленски, Арестович, го истакнува ова во своите изјави дека Зеленски годинава направил големи грешки, и дека “јавноста ја известува со невистини за да го одржува и спасува својот рејтинг во странство, а не територијата на Украина “ градејќи авторирарен режив во кој самиот носи одлуки заа сите важни прашања.
На 14 јануари 2023 година, по објавите на Зеленски дека Русите со ракета погодиле стамбена зграда во Дњпар, Арестович даде коментар дека руската ракета Kh-22 уништила катна станбена зграда во Днипро но, откако била погодена во лет од контранапад на украинската воздушна одбрана.
Арестович во изјава дека верува оти украинскиот систем за воздушна одбрана е одговорен за смртта на десетици цивили во Днепар. Имено, тој вели дека ракетата што паднала врз цивилната зграда била резултат на противвоздушна одбрана, поради што проектилот неконтролирано паѓал врз зградата.
На 16 јануари 2023 година, прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека објаснувањето на Арестович од 14 јануари годинава за она што се случи во Дњепар е веродостојно и ја префрли вината за уништувањето на украинската страна. По бесот во врска со коментарите на Арестович, по барање на Зеленски оставка поднесе неговиот прв соработник Арестович на 17 јануари 2023 година.
Недела дена по него, на 24 јануари, оставка поднесе и вториот соработник на Зеленски Кирил Тимошенко, заменик раководител на кабинетот на претседателот Зеленски.

Арестович, кој е и полковник на разузнавачката служба на Украина, јавно истакнува дека режимот во Киев не сака да му ја каже на народот вистината дека нема да има враќање на границите од 1991 година и дека „Крим нема да биде Украина“, бидејќи ќе има само „борба, крв, пот и солзи“. Како излез од ситуацијата ги наведува изборите во кои гледа шанса за обнова и политички пресврт кој би ја имал предвид актуелната состојба.
Како некои од важните грешки, поранешниот советник на Зеленски ги наведува корупцијата, влошувањето на односите со соседите, бесмисленото акумулирање сили кај Бахмут, кога, како што вели, требало да се насочи вниманието на одредена цел, на продорот на јужниот фронт, но и некои други причини. Оваа војна, за жал, ќе заврши со “корејско сценарио“, поделба на Украина со бесконечно примирје, истакнува Арестович.
Спред Арестович Зеленски станува авторитарен диктатор опкружен со “случајни луѓе“ заглавени во корупција кои никогаш немаат храброст да му ја кажат вистината - дека земјата ја води во пропаст, и дека е со неговото постапување загубена е историска шанса за Украина.
Од дијаспората, каде што е веќе извесно време, Арестович го коментира неодамнешното признание на Дејвид Арахами, соработник на Зеленски во Рада (Собранието) на Украина, дека во пролетта 2022 година, тогашниот британски премиер Борис Џонсон го одвратил Киев да заврши конфликтот во Украина со договор, повикувајќи го Зеленски да не потпишува ништо со Руската Федерација. Како што откри Арахами, Киев бил блиску до потпишување мировен договор со Москва, но тоа не било направено бидејќи од Лондон дошла поинаква инструкција, која Украинците ја послушале.
Во август 2022 година, Арестович објави дека планира да се кандидира за претседател на Украина доколку Володимир Зеленски не се кандидира за втор мандат. Подготовкте за таа цел се видливи, но Зеленски токму заради тоа и ги откажа претседателките избори.
Украинскиот канал „ЗеРада“ споделува доверливи податоци од ноемвриското истражување на јавното мислење спроведено по налог на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и чии резултати предизвикаа паника во кабинетот на претседателот Володимир Зеленски - граѓаните на Украина му веруваат на командантот - Началникот на вооружените сили на Украина Валериј Залужни повеќе од претседателот.
Залужни ја ужива довербата на 82 отсто од испитаниците, а Зеленски 72. Згора на се, на третото место по доверба е поранешниот советник на Зеленски, Алексеј Арестович.
Генерал Залужни, кандидат на Западот

Постои голем поделба, до ниво на разидување и јавни критики, помеѓу претседателот Зеленски и воениот лидер Валериј Залужни. Први за тоа пишуваа аналитичарите од украинскиот портал Страна, а потоа се надоврзаа десетици коментари и аналази од Арестович па се до низа западни медиуми. За само неколку месеци популраноста на Зеленкси се урна, се создадае слика и заклучок дека Зеленски нема капацитет да ја води војната, дека западната помош се злоупотребува и корумпира, дека е егоцентричен и се обидува преку пропаганда да ги сокрие фактите и загубената поддршка од Западот.
Најголемиот удар се случи по интервјуто на Зеленски за американските медиуми, Тајм и други, во кое тој не прифаќа одговорност за екстремната корупција и неуспехот на летната офанзива префрлајќи ја одговорноста на Западот кој не му дал доволно пари и оружје. Напротив, побара нови пари и оружје за нова офанзива.
Веднаш потоа, воениот командант генералот Залужни даде интервју за Економист во кое објасни дека ситуацијата на фронтот е како во Првата светска војна, во ќорсокак, а сериозно загржувачка за украинската војска и држава. Нагласи дека “ситуацијата на фронтот е тешка поради лоши одлуки“ поддржувајќи го ставот на НАТО дека офанзивата пропаднала поради непотребните загуби во борбите за малку битниот Бахмут и отворање три фронта наместо еден што ја развлекло и ослабило украинската воена моќ.
Зеленски му одговори на Залужни со нарачани текстови во медиуми под неговата контрола, и со барања на некои пратеници од неговата партија, дека Зеленски треба да го смени Залужни.
Украинскata пратеничка упати остри напади врз военото раководство на земјата, упатувајќи низа обвинувања и повикувајќи на промена на највисокото воено раководство.
Маријана Безугла, пратеничка од партијата Слуга на народот на Владимир Зеленски и член на парламентарната комисија за национална безбедност, одбрана и разузнавачки прашања, рече дека военото раководство на земјата „мора да си замине“ бидејќи не претстави каков било сеопфатен „воен план за 2024 година“, а буџетот го остави во неред, напиша Безегла на својата Фејсбук страница во неделата на 26 ноември.

Покрај тоа, таа го осуди военото раководство дека само предлага проширување на мобилизацијата без суштински организациски промени на вооружените сили на Украина.
- Сега ситуацијата е таква што воениот врв не може да обезбеди никаков план за 2024 година, а сите нивни предлози за мобилизација се сведуваат на тоа дека се потребни повеќе луѓе. Без никаков предлог за промена на системот ОСУ, тогаш ваквото раководство да си замине – напиша пратеникот.
По првичните обвинувања, Безегла продолжи со критиките во понеделникот, особено кон шефот на вооружените сили Валериј Залужни.
ТБезегла го обвини дека разговарал за нагазни мини со генералот Марк Мили, началникот на Здружениот генералштаб на САД, во 2021 година и ја отфрлил потребата од беспилотни летала.
Таа не само што го таргетираше Залужни, туку и го критикуваше поранешниот министер за одбрана Алекси Резников дека слепо одобрува воени предлози без да процени колку добро функционираат.

Атмосферата за тоа се подготвува но, дали и ќе се случи намерата на Зеленски е друга работа. Веројатно, попрво ќе се случи обратното, војската да го смени Зеленски што е и порака од Западот кој очекува привршување на војната пред американските претседателски избори, и пред целосно да се испразнат западните фондови и магацини за оружје,
Против Зеленски, а на страна на Арестович и Залужни, застана и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.
На новинарско прашање на швајцарскиот портал „20 Minuten“ дали Кличко има политички амбиции во врска со функцијата претседател на Украина, градоначалникот на Киев изјави дека во овој момент „би било глупаво“ да се размислува за такво нешто.
„Денес се работи само за тоа дали Украина воопшто ќе продолжи да постои“, истакна Кличко.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека како резултат на постапките на Владимир Зеленски, во Украина практично не останале независни институции на моќ и изрази мислење дека земјата се движи кон авторитаризам, во кој сè зависи од расположението на една личност.
„Во моментов остана само една независна институција, но таа е под огромен притисок: локалната власт“, рече (се пожали) Кличко во интервју за дописникот на Шпигел.
Кличко исто така нагласи дека повеќе од година и пол од почетокот на конфликтот немал ниту една средба или телефонски разговор со Зеленски.

Во интервјуто за германскиот Шпигел потсетува дека во неколку големи градови на Украина, избраните градоначалници беа отстранети од функцијата со едноставна судска одлука - на пример, шефот на Черниговски.
Според Кличко, претседателската администрација ги гледа градоначалниците како „атавизам“ и „пречка за централизација на структурите на моќ во земјата“.
Тој додаде дека не е изненаден од падот на популарноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски и верува дека Зеленски ќе плати за своите грешки.
„Луѓето гледаат кој е ефикасен, а кој не. Имаше и има многу очекувања. Зеленски плаќа за грешките што ги направи... Имаше премногу информации кои беа невистинити“, оцени Кличко.
Според сето видено Зеленски живее во тесен круг слепи поддржувачи кои се тука водени од интерес, за да бидат дел од заработката во корупциите, а не за да придонесуваат кон ефикасни анализи и совети за потреби на претседателот Зеленски и на Украина која, евидентно е, нема план ниту алтаки што и како понатаму со државата.
Основната намена на Зеленски за потреби на Западот: да ја доведе Русија со нивна помош до уривање на власта, економско, политичко и воено исцрпување што би придонело до севкупен пораз на Русија која е прогласена за најголема закана на НАТО - не е исполната задача. Напротив, Зеленски стана човек опседнат со сопствената промоција на светска величина која веќе нема покритие. Стана проблем наместо решение.
Русија има претседателски избори оваа пролет кои Путин ќе ги добие, по што му следат седум години сигурно владеење. Сосема е извесно дека, потоа, ќе следи нова мобилизација и активирање на новото руско оружје кое за овие две-три години масовно производство доби и нови можности. Од пролет, цел на Русија ќе бидат не само веќе анектираните територии туку, ако остане Зеленски, и движења кон Харков и Одеса, најголемите економски центри по Киев.
Во меѓувреме Западот е фокусиран на повеќе цели, не е само Украина. Активна е војната во Палестина, опасно е на границите на Венецуела, као што се закана и тензиите во Кореа но, и околу Ерменија и Грузија. Лавров најави дека следна можна криза е во Молдавија...

Германскиот Шпигел дава заклучок за прашањето колку Зеленски и Украина завршија работа за потребите на западниот свет - уривање на рускиот државно-политички и воен систем: “Претседателот Путин вели дека неговата земја „станала посилна“ по инвазијата на Украина. За жал, тој е во право: неговото полутоталитарно владеење, па дури и економијата се стабилни. Затоа не ни помислува да се откаже“ пишува Шпигел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата