logo
logo
logo

Масовна гробница за деца во дом управуван од Католичката црква

Vecer | 07.07.2025

Масовна гробница за деца во дом управуван од Католичката црква

Тим од експерти и форензичари ќе започне со ископување на масовна гробница следната недела во обид да идентификува повеќе од 800 деца кои починале во дом за невенчани мајки управуван од Ирската католичка црква, објави денес Ројтерс.

Истрагата за мрежата на домови управувани од црквата беше започната пред речиси 10 години откако се појавија докази кога беше откриен необележан гроб во градот Туам во округот Голвеј.

Во гробницата биле откриени останки од 802 деца закопани помеѓу 1925 и 1961 година, покажа истрага нарачана од ирската влада.

Истрагата покажа дека стапката на смртност кај новороденчињата во дом за невенчани мајки во Туам била висока и до 15 проценти.

Извештај од 2021 година покажа дека околу 9.000 деца починале во домови каде што млади бремени жени се криеле од општеството со децении, откривајќи некои од најмрачните поглавја на Католичката црква, според Ројтерс.

Домот на Туам бил срушен во 1970-тите и на негово место бил изграден станбен комплекс.

Покрај ирските експерти, во ископувањата на гробницата ќе учествуваат и експерти од Шпанија, Велика Британија, Канада, Австралија и САД.

Службениците очекуваат ископувањата да траат околу две години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk