logo
logo
logo

Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе нема „втор Авганистан“

Vecer | 21.04.2024

Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе нема „втор Авганистан“

- Неопходно е процесот на обезбедување на оваа помош да ја достигне својата конечна точка, и по Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да биде одобрена од Сенатот, додаде Зеленски.

Според него, одобрувањето на помошта ќе испрати силна порака до Кремљ дека САД стојат зад Украина и на тој начин Киев има шанса да победи.

Запрашан за изгледите за руска офанзива, украинскиот претседател рече дека неговата земја се подготвува за тоа. Тој нагласи дека на вооружените сили на Украина им требаат оружја со долг дострел и системи за противвоздушна одбрана за да не губат луѓе на фронтот.

Долниот дом на американскиот Конгрес синоќа го одобри законот за воена помош на Украина, вреден 61 милијарда долари. Останува законот да биде одобрен и од Сенатот, а претседателот Џо Бајден да го потпише, по што тој ќе стапи во сила./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk