logo
logo
logo

Еруптира вулкан на Исланд- евакуирано е познато туристичко место (ВИДЕО)

Vecer | 16.07.2025

Еруптира вулкан на Исланд- евакуирано е познато туристичко место (ВИДЕО)

Според информациите од Исландската метеоролошка служба, ова е деветта ерупција во тој регион од крајот на 2023 година.

Евакуирана туристичката дестинација Сина лагуна

Фотографиите објавени од Министерството за јавна безбедност на Исланд покажуваат лава и чад што се издигаат од пукнатина во близина на Гриндавик, рибарско село кое во последните месеци има повторена вулканска активност, објави ABC News.

Државниот радиодифузен сервис RUV објави дека жителите на Гриндавик се евакуирани, како и гостите и персоналот од Сината лагуна, една од најпопуларните туристички дестинации во Исланд.

Евакуациите се спроведени како мерка на претпазливост поради можното ширење на лава и токсични гасови.

Властите предупредија дека условите околу вулканот се опасни и дека може да се случат дополнителни ерупции. Нема информации за повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk