logo
logo
logo

Заврши потерата- по пет години во хотел во Бодрум е уапсен педофил, кој силувал над 100 деца

Vecer | 21.04.2025

Заврши потерата- по пет години во хотел во Бодрум е уапсен педофил, кој силувал над 100 деца

Турската полиција го уапси Јунес Нацири, обвинет во Шпанија за сексуално злоставување на повеќе од 100 деца и учество во, како што соопшти полицијата, најголемиот синџир за детска порнографија што некогаш бил разбиен во земјата, објавија турските медиуми, повикувајќи се на извори запознаени со операцијата.

Осомничениот, кој се бараl од 2019 година, е уапсен во хотел во Бодрум, на турскиот брег на Средоземното Море, во операција спроведена врз основа на меѓународна потерница на Интерпол за педофилот, пренесе РТВЕ.

Нацири е обвинет за учество во мрежа која функционирала повеќе од 15 години до нејзиното разбивање во 2015 година.

Водачот на мрежата, Жан-Лук Ашбахер, во август 2020 година е осуден на 240 години затвор за сексуална злоупотреба на малолетници, како и за производство и дистрибуција на детска порнографија и членство во криминална организација.

Членот на таа криминална мрежа, Бернард Жорж Арсон, е осуден на 19 години затвор поради поттикнување малолетници и производство и дистрибуција на детска порнографија, иако се верува дека тој не ги злоупотребувал жртвите како што тоа го правел неговиот шеф.

Мрежата за злоупотреба на деца и порнографија во која Нацири е обвинет за учество регрутирал деца и снимил повеќе од 300 видеа, пред се во стан во шпанскиот град Тортоса, но и во земји како Тајланд.

Се проценува дека има повеќе од сто жртви на силување, иако се идентификувани само 18, на возраст од 11 до 16 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk