logo
logo
logo

Во Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинар

Vecer | 21.06.2026

Во Газа загина камерман на Ал Џезира- неодамна беше убиен и неговиот брат, новинар

Најмалку десет лица беа убиени во денешните израелски напади низ Појасот Газа.

Неговата медиумска компанија Ал Џезира во соопштение изјави дека остро го осудува убиството на својот дописник кој работеше за каналот Ал Џезира Мубашер. „Ова претставува ново и флагрантно кршење на сите меѓународни закони и норми и одразува континуирана систематска политика на таргетирање на новинарите и замолчување на гласот на вистината“, се додава во соопштението.

Брат му беше убиен пред два месеци

Смртта на Ахмед се случи само два месеци откако неговиот брат Мохамед Вишах беше убиен во израелски напад врз истиот бегалски камп. Според Палестинската цивилна заштита, Мохамед беше убиен на 8 април во својот автомобил додека се враќал дома.

Израелската војска еден ден подоцна, без да даде никакви докази, соопшти дека убила „клучен терорист во одделот за производство на ракети и оружје на Хамас“.

Ахмед Вишах, роден во 1986 година во истиот бегалски камп, се приклучи на мрежата Мубашер на Ал Џезира на арапски јазик во 2018 година. По смртта на Мохамед, колегите на камерманот Ахмед во Газа организираа бдение во негова чест.

Повеќе од 260 новинари се убиени од почетокот на војната

Според Комитетот за заштита на новинарите, повеќе од 260 палестински новинари се убиени од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година. Најмалку дванаесет од убиените работеле за мрежата Ал Џезира.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk