Меѓународниот кривичен суд (МКС) соопшти дека Унгарија го прекршила меѓународното право со тоа што не го уапсила израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговата посета на Будимпешта, и покрај тоа што МКС издаде налог за апсење по него во ноември минатата година.
МКС во соопштението наведува дека „неуспехот“ на Унгарија да го уапси Нетанјаху „го оневозможил судот да ги извршува своите функции“, додавајќи дека случајот е упатен до Советот на државите-членки на Судот (CASS), надлежниот орган на судот, објави Ројтерс.
И покрај тоа што МКС издаде налог за апсење по Нетанјаху, Унгарија, потписничка на Римскиот протокол, не го уапси израелскиот премиер за време на неговата четиридневна посета на Будимпешта во април.
Унгарската влада објави планови за повлекување од Римскиот прпотокол во јуни следната година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата