logo
logo
logo

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Vecer | 04.08.2025

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Договорите во различни сектори, вклучувајќи ја енергетиката и трговијата, беа потпишани за време на дводневната посета на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

-Поставивме цел од 10 милијарди долари во трговијата и се надеваме дека ќе ја постигнеме што е можно поскоро, изјави премиерот Шехбаз Шариф на заедничкиот брифинг.

Шариф ја повтори поддршката на Пакистан за правото на Иран на мирна нуклеарна програма според Повелбата на ОН и ја осуди агресијата на Израел против Иран, велејќи дека таа „нема оправдување“.

Пакистанскиот премиер додаде дека двете земји ќе преземат ефикасни чекори за елиминирање на тероризмот и отворање патишта за просперитет во регионот.

Од своја страна, иранскиот претседател рече дека верува оти е можно да се достигне границата од 10 милијарди долари, што би претставувало повеќе од трикратно зголемување на трговијата.

-Длабоко сум убеден дека лесно, за кратко време, можеме да го зголемиме обемот на нашите трговски односи од сегашните три милијарди долари на планираната цел од 10 милијарди долари, рече Пезешкијан.

Тој им се заблагодари на владата и народот за поддршката на Иран „за време на 12-дневната терористичка агресија од страна на ционистичкиот режим и САД“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk