Украина нуди нови мировни преговори со Русија
Украина во текот на викендот официјално и предложи на Русија нови мировни разговори, додека се доближува рокот од 50 дена поставен од американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на воениот конфликт меѓу двете земји.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја најави иницијативата во неговото редовно ноќно обраќање, посочувајќи дека мировните разговори би можеле да почнат веќе следната недела.
Секретарот на Националниот совет за безбедност и одбрана предложи нова средба со Русија за следната недела. Треба да престане избегнувањето на одлуки. Прекин на огнот. Размена на затвореници. Враќање на децата. Крај на убиствата. И потребна е средба на највисоко ниво за траен мир. Украина е подготвена.
Тој исто така нагласи дека мировните разговори треба да се забрзаат, бидејќи претходните обиди за прекин на огнот, како тие во Турција, дадоа слаби резултати освен договор за размена на затвореници.
Мора да се забрза текот на преговорите. Сѐ треба да направиме за да постигнеме прекин на огнот.
Повикувањето на Зеленски доаѓа во време кога борбите во Украина траат веќе повеќе од три години, а притисокот од страна на САД и претседателот Трамп за постигнување договор се засилува.
Американскиот претседател го даде Русија рок од 50 дена за повторно започнување мировни преговори или, во спротивно, ќе бидат воведени нови санкции. Доколку нема напредок, трговските партнери на Русија ќе се соочат со дополнителни, 100% царини.
Разочаран сум од претседателот Путин бидејќи очекувавме договор уште пред два месеца, но тоа не се случи. Ако за 50 дена нема договор, ќе воведеме нови, второстепени тарифи – едноставно, тие ќе бидат 100%.
Русија, пак, не ја менува својата позиција и ги отфрла ваквите ултиматуми. Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков ги оцени ваквите барања како „неприфатливи“, а министерот Лавров додаде дека Русија ќе се справи и со најтешките санкции.
Бројот на санкции донесени против нас е веќе невиден. Се справуваме, а немам сомнеж дека ќе продолжиме да се справуваме.
Во меѓувреме, Русија продолжува со напади врз украински градови, последниот од кои беше извршен во саботата наутро. Во тој напад беа лансирани над 300 дронови и 30 крстосувачки ракети, при што дел од нив го погодија пристанишниот град Одеса. Во нападот загина едно лице, а шестмина беа повредени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата