Метата на нападот бил кампот „Абу Шук“ во близина на градот Ел Фашер. Според организацијата, повредените биле згрижени во исклучително тешки хуманитарни и здравствени услови, бидејќи градот се соочува со сериозен недостиг на лекови, медицински кадар и храна поради опсадата од СБП.
Обединетите нации информираа дека кампот „Абу Шук“ бил нападнат најмалку 16 пати од јануари до јуни оваа година, при што загинале над 200 луѓе, а повеќе од 100 биле повредени.
Во Судан од април 2023 година трае војна меѓу паравоените СБП и суданската армија, која предизвика масовни раселувања и доведе до она што ООН го оценува како најтешка криза со глад во светот. Околу 25 милиони луѓе – половина од населението на земјата – се соочуваат со голема несигурност во снабдувањето со храна, а 3,5 милиони жени и деца страдаат од неухранетост.
Ел Фашер е последниот град во Северен Дарфур кој остана под контрола на суданската влада и е под опсада на СБП од мај минатата година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата