logo
logo
logo

Украина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше Одеса

Vecer | 21.02.2026

Украина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше Одеса

Три лица се пренесени во болница, објави регионалниот министер за здравство на републиката, Сергеј Багин, на Телеграм во главниот град Ижевск.

Нема потврда дали цел на украинскиот напад била фабриката за оружје во Воткинск, околу 50 километри североисточно од Ижевск, која произведува ракети „Искандер“ и „Орешник“.

Жители на регионот, кој се наоѓа на западната страна од планината Урал, објавија слики на интернет на кои се гледа пожар и структурни оштетувања. 

Претходно, Александар Бречалов, гувернер на руската република Удмуртија, изјави дека неодреден објект бил погоден од беспилотни летала, без да даде дополнителни детали за точната локација на нападот.

Во Ижевск, операциите на аеродромот се привремено суспендирани поради воздушна тревога.

Украинските медиуми објавија дека во нападот е употребена крстосувачка ракета „Фламинго“, а не дронови. Според Киев, тоа што е извршен напад на околу 1.500 километри од украинската граница, покажува дека Украина е способна да изврши удари длабоко на руска територија. Независна потврда за ваквите тврдења засега нема.

Русија, пак, изминатата ноќ извршила напад со беспилотни летала врв Одеса. Претседателот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на Телеграм објави дека во нападот се повредени две лица.

Предизвикана е штета на објекти од цивилната и енергетската инфраструктура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk