Властите стравуваат дека десетици луѓе се уште се заробени под урнатините, објави Ројтерс.
Локалните новински канали покажаа жители кои се собираат околу местото на настанот, додека властите користеле кран за отстранување на урнатините.
Несреќата се случила додека учениците посетувале настава во државно училиште во Џалавар.
„До властите се издадени упатства да им обезбедат соодветен третман на повредените деца“, изјави на социјалните медиуми функционер на државата Раџастан, Баџанлал Шарма.
Шефот на локалната полиција, Амит Кумар, изјави дека некои од повредените деца се во критична состојба, според PTI и Economic Times.
Според извештаите на локалните медиуми, на местото на настанот се наоѓаат спасувачки екипи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата