logo
logo
logo

Песков: Путин и Ердоган се согласија дека заплената на руски средства го загрозува меѓународниот финансиски систем

Vecer | 12.12.2025

Песков: Путин и Ердоган се согласија дека заплената на руски средства го загрозува меѓународниот финансиски систем

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска во Ашхабат се согласија дека европските обиди за преземање на руски средства ќе доведат до уништување на темелите на меѓународниот финансиски систем, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што рече, покрај дискусијата за украинското прашање, двајцата лидери забележаа и дека односите меѓу Русија и Турција се развиваат во сите области.

Руските медиуми пренесуваат дека на средбата присуствувал и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Билатералната средба меѓу Путин и Ердоган се одржува на маргините на форумот посветен на Меѓународната година на мирот и довербата, Меѓународниот ден на неутралноста и 30-годишнината од трајната неутралност на Туркменистан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk