logo
logo
logo

Тајни израелско-сириски преговори за нормализација на односите, со посредство на ОАЕ

Vecer | 10.07.2025

Тајни израелско-сириски преговори за нормализација на односите, со посредство на ОАЕ

Според неколку меѓународни извори, преговорите за нормализација на односите меѓу Сирија и Израел во последните недели значително се интензивирале. Средбата се одржала вчера, а сирискиот претседател разговарал со советник за национална безбедност од израелската Влада. Според изворите, средбата била директно координирана од претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед.

Двајцата функционери пристигнале во Емиратите со одделни летови во речиси исто време.

Средбата, што се одржа во главниот град Абу Даби, се смета за значителен исчекор во тајните преговори за нормализација меѓу Дамаск и Тел Авив. Извори велат дека е воспоставено и ниво на координација меѓу нови сириски безбедносни структури и израелската Влада.

Еден од клучните резултати од средбата, според истите извори, бил понуден компромис од страна на ал Шара во врска со окупираната Голанска висорамнина, во замена за меѓународна поддршка за зачувување на неговата власт.

На маса се и преговори за воспоставување три демилитаризирани зони во јужна Сирија, кои ќе ги опфатат провинциите Дараа, Кунеитра и Ас-Сувеида. Во овие зони би било повлечено тешкото вооружување од воените бази, а сириските воени и полициски сили би можеле да користат само лесно вооружување.

Израелски медиуми објавија и дека сириски бизнисмен и политички активист неодамна го посетил Кнесетот, каде што, наводно, пренел порака од Ал Шара во која се изразува интерес за нормализација на односите со Израел.

Според истиот извор, бизнисменот изјавил дека Ал Шара верува оти регионот се наоѓа пред „можности што се појавуваат еднаш во векот“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk