logo
logo
logo

Ова е човекот кој загина при обидот за атентат на Трамп - СО ТЕЛОТО ГИ ПОКРИЛ ДЕЦАТА И ЖЕНАТА

Vecer | 15.07.2024

Ова е човекот кој загина при обидот за атентат на Трамп - СО ТЕЛОТО ГИ ПОКРИЛ ДЕЦАТА И ЖЕНАТА

Лицето кое загина за време на обидот за атентат на Доналд Трамп е 50 годишниот Кори Компраторе, кој со своето тело го покрил семејството кога почнало пукањето.

Кори Компраторе се фрлил врз своето семејство, сопругата и двете ќерки, да ги заштити од куршумите кога почнала стрелбата, изјави синоќа гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро. Тој изјави дека се сретнал со семејството на загинатиот.

Митингот на Трамп во Пенсилванија го зеде животот на мојот брат Кори Компраторе. Омразата кон еден човек го одзеде животот на човек кој ние најмногу го сакавме, напиша вчера сестрата на жртвата на својот Фејсбук профил.

Компраторе работел како инженер во фабрика за производство на пластични предмети и служел како раководител на волонтерската пожарна служба во Бафало тауншип, јави изданието Pittsburh Post-Gazette.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk