logo
logo
logo

Пукање пред ноќен клуб во Чикаго: Четири лица загинати, повеќе повредени

Vecer | 03.07.2025

Пукање пред ноќен клуб во Чикаго: Четири лица загинати, повеќе повредени

Четворица лица загинаа, а 14 други се повредени во вооружен напад што се случи пред ноќниот клуб Artis Lounge во Чикаго, според информациите од полицијата. Инцидентот се случил околу 23 часот, кога темно возило од типот SUV се доближило до клубот на авенијата West Chicago, а тројца напаѓачи од автомобилот отвориле оган кон луѓето кои се наоѓале пред влезот.

Меѓу настраданите има двајца мажи на возраст од 24 и 25 години, како и две жени. Повредените се на возраст меѓу 21 и 32 години, од кои најмалку четворица се во критична здравствена состојба.

Полицијата сè уште трага по тројцата осомничени, а досега не се извршени апсења во врска со случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk