Државните медиуми објавија фотографии на кои се гледа како „подморница на нуклеарен погон со стратегиски наведувани ракети“.
Медиумите јавија за посетата на лидерот Ким Џонг Ун на големите бродоградилишта каде се градат воени бродови.
Корејската централна новинска агенција KCNA не објави детали за подморницата, но рече дека Ким бил информиран за нејзината изградба.
Се чини дека подморницата е во класата од 6.000 или 7.000 тони, која може да носи околу 10 проектили, рече Мун Кеун Сик, јужнокорејски експерт за подморници кој предава на Универзитетот Ханјанг во Сеул.
Тој за АП изјави дека употребата на терминот „стратешки наведувани ракети“ значи дека тие ќе носат нуклеарно оружје.
„Тоа би било апсолутно опасно за нас и за САД“, рече Мун.
Подморница со нуклеарен погон долго време се наоѓа на списокот на софистицирано оружје што Ким вети дека ќе го претстави во 2021 година.
Во тоа време, тој рече дека новото оружје ќе и помогне на земјата да се справи со ескалацијата на воените закани, пред се од САД.
Друго оружје се интерконтинентални балистички ракети на цврсто гориво, хиперсонично оружје, шпионски сателити и проектили со повеќе боеви глави, пренесува Срна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата