logo
logo
logo

18-годишник со потекло Македонија уапсен е во Австрија, ПЛАНИРАЛ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ за ИД

Vecer | 22.07.2025

18-годишник со потекло Македонија уапсен е во Австрија,  ПЛАНИРАЛ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ за ИД

18-годишник со потекло од Македонија е уапсен во австрискиот регион Штаерска, во градот Леобен, поради планирање на терористички напад, објавија австриските медиуми. Според првичните информации, тинејџерот пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи и правел планови како да нападне институции. Полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава (ИД) и оти неговите планови биле сериозни.

По добивање на информации јавен обвинител наредил итно апсење на 18-годишникот, по што било утврдено каде тој се наоѓа. Полицијата го уапсила во неделата, во близина на неговата куќа, веднаш по неговото враќање од патување во Македонија каде што бил заедно со своето семејство.

Тој негирал оти имал интенција да изврши напади, а според информациите, младиот Австриец со македонско потекло и бил познат на полицијата од претходно.

Минатата година, 19-годишен Австриец со потекло од Македонија беше уапсен оти планирал терористички напади за време на концертот на светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk