logo
logo
logo

Се заканувал дека ќе убива функционери- кога полицијата влегла, спалната соба се наполнила со чад

Vecer | 03.08.2025

Се заканувал дека ќе убива функционери- кога полицијата влегла, спалната соба се наполнила со чад

Полицајците извршувале налог за претрес во домот на Кевин Вејд О'Нил во Олд Форт, откако тој се заканил дека ќе убие јавни службеници и полицајци во округот Полк, објави Скај њуз.

Откако 54-годишникот бил уапсен, полицајците забележале „нешто што чади“ во спалната соба каде што бил пронајден.

За време на темелното претресување, полицијата открила импровизирана експлозивна направа и ја евакуирале куќата додека не пристигнале членовите на специјалниот одред за бомби.

Во куќата биле пронајдени 14 експлозивни направи, од кои ниту една не експлодирала.

О'Нил е обвинет по 11 точки за обид за убиство од прв степен, во кои се вклучени девет полицајци и две лица кои биле во зградата кога осомничениот се обидел да ги активира уредите.

Тој е обвинет и по 14 точки за поседување забрането оружје и едно точки за поседување експлозивни компоненти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk