logo
logo
logo

Руски воен суд во отсуство осуди државјанин на САД на 28 години затвор

Vecer | 21.08.2025

Руски воен суд во отсуство осуди државјанин на САД на 28 години затвор

Рускиот окружен воен суд го осуди  државјанинот на САД,  Дејвид Рајан О’Лири во отсуство на 28 години затвор за учество во борбени операции на страната на украинските вооружени сили за време на инвазијата на Курскиот регион, соопшти денеска руското обвинителство.

„Земајќи ја предвид позицијата на генералниот обвинител, судот го осуди О’Лири во отсуство на 28 години затвор, при што првите осум години ќе ги отслужи во затвор, а останатите во казнена колонија со строг режим, заедно со парична казна од 1,6 милиони рубли“, се вели во соопштението, според Интерфакс.

Според обвинителството, О’Лири учествувал во вооружениот конфликт против војниците на вооружените сили на Руската Федерација во Курскиот регион и добил материјална отштета за својата вмешаност до април 2025 година, чија вкупна сума надминала 3,1 милиони рубли.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk