Најмалку 120 луѓе го загубија животот во силните поплави што го зафатија јужниот дел на Тексас. Населбата Кер Каунти е најтешко погодена, каде што беа потврдени 96 жртви, од кои дури 36 се деца. За шест лица сè уште се трага и се водат како исчезнати.
Поплавите започнаа во петокот, кога екстремно обилен дожд ја натера реката Гвадалупе да излезе од коритото за помалку од еден час. Во спасувачките акции се ангажирани повеќе од 2.200 лица, бидејќи состојбата останува критична во голем дел од Централниот Тексас.
Непогодата не го поштеди ниту соседниот Њу Мексико, каде во градот Риудосо беа пријавени три загинати, по што властите прогласија вонредна состојба.
Експертите предупредуваат дека климатските промени ќе продолжат да го зголемуваат ризикот од вакви екстремни временски појави.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата