Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи во соопштение наведоа дека помошта ќе се координира преку НАТО-механизмот „Листа на приоритетни потреби на Украина“.
НАТО го надгледува доставувањето на оружјето за Украина купено во САД, а финансирањето доаѓа од европските партнери и Канада.
Според НАТО, помошта ќе опфати воена опрема која или не може да се произведе во Европа или може да се испорача побрзо од САД отколку од европските сојузници или Канада.
- Ја поздравувам Германија што повторно презема водечка улога. Оваа испорака ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската агресија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
- Германија е најголемиот европски донатор на воена помош за Украина, а оваа најава уште еднаш ја потврдува нејзината посветеност за одбрана на слободата и суверенитетот на украинскиот народ, изјави Руте синоќа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата