logo
logo
logo

Погранични судири меѓу Тајланд и Камбоџа

Vecer | 08.12.2025

Погранични судири меѓу Тајланд и Камбоџа

Камбоџа соопшти дека „всушност, тајландските воени сили“ го почнале нападот врз камбоџанските сили околу 5 часот наутро по локално време, објави нејзиното Министерство за одбрана во двојазична објава на X.

- Треба да се напомене дека овој напад се случи откако тајландските сили беа ангажирани во бројни провокативни дејствија повеќе денови, се вели во објавата и се додава дека тврдењата на Тајланд дека неговиот напад бил одмазднички се „лажни информации“.

Тајланд тврди дека неговите воздушни напади биле одговор на нападите на камбоџанските трупи во пограничната област Чонг Ан Ма рано наутро, во кои бил убиен еден тајландски војник, изјави за тајландските медиуми портпаролот на тајландската армија Винтхаи Сувари.

Тој рече дека Камбоџа прва ги гранатирала воените и цивилните цели во Тајланд со гранати и ракети, и дека неколку други војници биле ранети.

Министерството за одбрана на Камбоџа го обвини својот сосед дека прв отворил оган на камбоџанската страна од спорната гранична област.

Силите користеле борбени авиони Ф-16, како и гас, рече портпаролката на министерството, Мали Сочеата. Таа не прецизираше за каков вид гас станува збор.

Камбоџа, од своја страна, била „максимално воздржана“ и не одговорила на огнот, рече таа.

Според медиумските извештаи, жителите од двете страни на границата ги напуштиле своите домови, пренесе ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk