logo
logo
logo

ИРЦГ им се закани на САД и Израел за какво било прекршување на прекинот на огнот

Vecer | 17.04.2026

ИРЦГ им се закани на САД и Израел за какво било прекршување на прекинот на огнот

Во соопштението објавено од агенција Тасним пред Денот на националната армија на Иран, што ќе се одбележи утре, ИРЦГ ја нагласи својата подготвеност да одговори на каква било воена закана со „разорни и смртоносни напади“.

Иранските елитни сили соопштија дека се подготвени за САД, Израел и нивните сојузници со „цврста решителност, будни очи, железна волја и прст на чкрапалото“, пренесе германската агенција.

Оваа реторика го следи познатиот модел што го користи Револуционерната гарда на датумите на воено одбележување, но добива дополнително значење во услови на моменталната критична ситуација во Заливот.

Прекинот на огнот во војната во Иран е на сила од 8 април и треба да истече на 22 април.

Пакистан ги предводи меѓународните напори за постигнување траен договор за завршување на војната, која започна на 28 февруари со израелски и американски воздушни напади врз цели низ Иран.

Клучните точки на спор околу трајниот мировен договор се иранската нуклеарна програма, безбедноста на бродовите во Ормуската Теснина и иранската поддршка за проиранските милиции како што е Хезболах во Либан, потсетува ДПА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk