logo
logo
logo

Ирански медиуми: Трамп нè молеше за прекин на огнот

Vecer | 24.06.2025

Ирански медиуми: Трамп нè молеше за прекин на огнот

Државните медиуми во Иран утрово известија за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност било „наметнато на Израел“ по, како што велат, „успешниот воен одговор на Иран на американската агресија“.

Во извештајот на иранската државна телевизија, исто така, се наведува дека Трамп побарал примирје „на начин што личел на молба“, со што се обидел да обликува наратив за домашната јавност во кој Иран воено и дипломатски ги надвладеал своите противници.

Трамп, сепак, презентираше сосема поинаква верзија на настаните на својата социјална мрежа „Truth Social“. Тој тврди дека Израел и Иран му пристапиле „скоро истовремено“ и му рекле: „мир“.

„Знаев дека времето е токму сега“, додаде Трамп во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk