Еден месец по драматичната несреќа на летот на Air India, во која животите ги загубија над 200 луѓе, индиските истражители соопштија дека доводот на гориво кон двата мотори на Boeing 787 бил на мистериозен начин прекинат пред падот.
Првичниот извештај од 15 страници, објавен од Бирото за истрага на авионски несреќи на Индија, посочува дека прекинувачите за гориво ненадејно биле префрлени од позицијата „вклучено“ во „исклучено“. Овие прекинувачи се заштитени со заклучници кои треба да се спречат случајно ракување, но според извештајот, ниту еден од пилотите не го сторил тоа намерно.
Во снимката од кокпитот, еден од пилотите прашува зошто е исклучено горивото. Вториот пилот одговара дека не го направил тоа.
Извештајот објаснува дека прекинувачите за гориво биле исклучени еден по друг, со временска разлика од околу една секунда. Во тој критичен момент, авионот веќе почнал нагло да губи височина пред да го прелета периметарот на аеродромот.
Несреќата се случи на 12 јуни, веднаш по полетувањето од пистата. Речиси сите 242 патници и членови на екипажот на летот AI171 починаа, освен едно лице кое чудесно преживеа.
Според извештајот, уште 19 луѓе на земја го загубија животот откако авионот се урна на кампусот на блиското медицинско училиште.
Истрагата по несреќата сѐ уште е во тек, а засега не е донесен конечен заклучок зошто прекинувачите за гориво биле активирани.
Во извештајот пишува дека „нема препорачани акции“ за производителите Boeing и GE Aerospace, што укажува дека не се работи за механичка грешка или недостаток во дизајнот.
NTSB утврди системски пропусти кај FAA и Boeing кои доведоа до инцидентот со Alaska Airlines
Air India изразува длабоко сочувство до семејствата и сите погодени од несреќата на летот AI171. Искрено жалиме за загубата и сме целосно посветени на поддршката во овие тешки моменти.
Компанијата додава дека соработува со сите релевантни институции и органи и дека ќе продолжи да обезбедува целосна поддршка и транспарентност додека трае истрагата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата