Тајфунот вчера собори дрвја и го поплави јужниот кинески остров Хаи-Нан пред да се движи над Тонкинскиот залив преку ноќ со постојана брзина на ветерот од 166 км/ч, според националната агенција за временска прогноза на виетнам, што е еквивалентно на атлантски ураган од втора категорија. Каџики е петтиот тајфун што го погоди Виетнам оваа година и најмоќниот, бидејќи го задржа својот интензитет додека се движи кон брегот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата