logo
logo
logo

Франција почна да испорачува хуманитарна помош во Газа со падобрани

Vecer | 01.08.2025

Франција почна да испорачува хуманитарна помош во Газа со падобрани

„Соочени со апсолутна итност, штотуку извршивме воздушен транспорт на храна за Газа. Благодарност до нашите јордански, емиратски и германски партнери за нивната поддршка и до нашиот воен персонал за нивната посветеност“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на платформата за социјални медиуми X.

„Воздушните транспорти не се доволни. Израел мора да дозволи целосен хуманитарен пристап за да се намали ризикот од глад“, додаде тој.

Италијанска иницијатива за помош на палестинските деца

Италија има намера да евакуира болни палестински деца од Појасот Газа за да им обезбеди медицинска нега во светлина на влошувањето на хуманитарната состојба во крајбрежната енклава, изјави деенска министерот за надворешни работи Антонио Тајани.

Тајани рече дека Рим подготвува план за воздушен транспорт на 50 лица, вклучувајќи возрасни кои ќе ги придружуваат децата.

Тој, исто така, објави планови според кои Италија ќе им се придружи на земјите кои во последните денови доставија помош од воздух во Газа, но не прецизираше конкретен датум за нивно спроведување.

Меѓународна достава на хуманитарна помош

Авиони управувани од Израел, Јордан и Обединетите Арапски Емирати од неделата, кога Израел почна да дозволува повеќе помош во затворените територии по месеци речиси целосна блокада, испуштаат палети со хуманитарна помош од воздух.

Германија и Франција, исто така, почнаа да испуштаат помош од воздух, поради предупредувањата за претстојниот глад во Газа, иако Обединетите нации и другите организации за помош ги критикуваа таквите мерки како во голема мера симболични, тврдејќи дека е многу поевтино и поефикасно да се достави помош по копно.

Покрај тоа што дозволува доставување на помош по воздушен пат, Израел, исто така, дозволи влез на 200 камиони на ОН и други агенции дневно од неделата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk