Историчарот и професор Николас Ј. Кул од од Универзитетот во Јужна Калифорнија на телевизија N1 коментираше за ситуацијата по обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
„Работите би можеле да одат во двата правци. Изборната кампања станува полуда, има се поекстремни изјави и се изгледа апокалиптично. Обидот за атентат е последица на оваа реторика. Претседателот Бајден ја спомна заканата за американската демократија, а самиот Трамп секогаш зборува за хаосот што владее во земјата. Со овие екстремни политички перцепции, насилството е следниот логичен чекор“, објаснува професорот.
„Политичкото насилство е дел од американската историја“
„Можеби ова ќе ги поттикне луѓето да направат чекор назад, малку повнимателно да ги избираат зборовите. Денеска видовме смирување на тензиите, но не можеме да кажеме дека тоа е незамисливо.
Трамп рече дека ова е незамисливо во Америка, мислам дека е многу замисливо. Политичкото насилство е дел од американската историја, секој Американец го знае тоа. Затоа имаме голем број полицајци на сите политички собири“, вели тој.
Тој исто така додава дека кога луѓето зборуваат за убиството на Шинзо Абе во Јапонија или за тоа што се случи со Фицо во Словачка, го споредуваат со Америка бидејќи тоа е нешто типично за американската сцена.
„Ќе биде интересно да се види како Трамп ќе се однесува после ова“
„Безбедноста веќе беше висока, поранешниот советник на Трамп ја критикуваше администрацијата на Бајден дека не го заштитила соодветно Трамп пред да оди во затвор. Кампањата ќе стане уште погадна“, предупредува Кул.
„Психолошки, обидот за атентат е многу предизвикувачки. Кога некој ќе преживее атентат, таа личност обично е повеќе заинтересирана за мир и компромис. Така беше со Реган, не знам како ќе биде со Трамп, тој има посебна психологија. Неговата непосредна реакција по нападот е да стане и да каже „бори се“, да се фрли уште подалеку“, вели Кул.
Фото: Screenshot: N1
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата