„Во моментов, три брода се на пат кон САД. Очекуваме четвртиот танкер да исплови на 28 октомври“, изјави Новак за новинарите на маргините на 28-от министерски состанок на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), објави Интерфакс.
Тој истакна дека општите договори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се спроведуваат и покрај притисокот од демократите во врска со овие договори.
„Ставот на демократите, кои зборуваат или дури дејствуваат спротивно на интересите на народот на САД, е изненадувачки“, рече Новак.
Демократските сенатори и членовите на Претставничкиот дом на САД претходно испратија писма до поединечни банки и морски пристаништа, барајќи од нив да ја зачуваат документацијата за трансакциите со Русија поради евентуална истрага за договорот за снабдување со дизел од Русија.
Во писмата се наведува дека договорот за снабдување со дизел од Русија може да претставува ризик за националната безбедност на САД.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата