logo
logo
logo

Силен земјотрес од 8.8 степени ја потресе руската Камчатка: Издадено предупредување за цунами

Vecer | 30.07.2025

Силен земјотрес од 8.8 степени ја потресе руската Камчатка: Издадено предупредување за цунами

Североисточниот дел на Русија утрово беше погоден од силен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случи на полуостровот Камчатка, познат како еден од најактивните сеизмички региони во светот.

Камчатка се наоѓа помеѓу Тихиот океан и Охотското Море и е оддалечена околу 1.600 километри одгрупниот јапонски остров Сапоро. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како домови се тресат, плафони паѓаат, ѕидови се ронят и се нанесени сериозни оштетувања на објекти во јужниот дел на полуостровот.

Ова е најголемиот земјотрес во регионот по катастрофалниот земјотрес во Тохоку, Јапонија во 2011 година. Според Американското геолошко друштво, станува збор за еден од „десетте најсилни земјотреси од 1900 година наваму“. Во областа биле регистрирани најмалку 24 последователни потреси. Овој земјотрес е последен во низа подземни активности кои започнале пред десетина дена, во близина на брегот на Камчатка.

Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во изминатите децении.

Владимир Солодов, гувернер на Камчатка

Како резултат на потресот, се појавија цунами бранови кои достигнаа до неколку региони долж Тихиот океан. Притоа, се издадоа предупредувања за цунами за Филипините, Индонезија, Чиле, Перу, Јапонија, Алјаска, Хаваи, како и за пацифичкиот брег на САД. Во Камчатка и неколку делови од Пацификот беа забележани големи бранови високи меѓу 3 и 4 метри. Населението во Јапонија, Хаваи и Алјаска беше советувано да не се приближува до бреговите и, доколку е потребно, да се искачи на повисоки позиции.

Поради силен земјотрес во Тихиот океан, издадено е предупредување за цунами за жителите на Хаваи. Цунами набљудување има и за Алјаска и пацифичкиот брег на САД. Јапонија исто така е во опасност. Посетете ја <a href="https://tsunami.gov" target="_blank" rel="noopener noreferrer">https://tsunami.gov</a> за најнови информации. Останете силни и безбедни!

Соопштение на Доналд Трамп на социјалните мрежи

До утрото, цунами бранови беа пријавени и на Хаваи, како и по долж брегот на Калифорнија, во Арена Коув и Монтереј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk