Според странските медиуми, Ким Jонг Ун им забранува многу работи на луѓето што живеат во Северна Кореја.
Каков е животот во Северна Кореја, ќе ви ги покажат правилата што ги поставил тамошниот лидер, Ким Jонг Ун. Она што е вообичаена практика во остатокот од светот, таму не е дозволено.
За да го заштитат своето наследство, одморите во странство, западниот начин на живот, одредени фризури, производите на Кока-Кола, производите на Епл, брзата храна, Библијата се само некои од работите што ги забрани севернокорејската влада.
Хигиенските влошки и тампоните не се достапни на севернокорејскиот пазар. Жените користат стари влошки за повеќекратна употреба кои ги мијат по употреба.
Речиси е невозможно да се набави кондом бидејќи земјата ги забрани сите видови мерки за контрацепција.
Мажите мора да носат долги панталони, никогаш кратки. На жените им е дозволено да носат само здолништа и панталони до колена.
Фармерките, пирсингот и „креативните фризури“ всушност се забранети со закон бидејќи го симболизираат американскиот империјализам.
Не е дозволено да имате коса под половината, да ја имитирате фризурата на Ким Jонг Ун и да носите високo репче со прамен преку челото и едното око, пишува „Дејли меил“.
Не се дозволени маички без ракави, маички со странски натписи, торби преку рамо - дозволени се само чанти што се носат во една рака и ранци, како и тесни топови.
Широките панталони како оние во кои се појавува Ким, исто така, не треба да се носат. Од мажите се очекува да имаат кратка коса, додека жените имаат малку повеќе избор - иако сè мора да биде во согласност со конзервативните стилови, лишени од каква било навестување за бунт.
Традиционалната носија, позната како „Чосон-от“, често е потребна за официјални настани и јавни собири, бидејќи промовира чувство на национален идентитет и гордост во корејското наследство.
Но, дури и надвор од церемонијалните пригоди, од граѓаните се очекува да се придржуваат до униформни кодекси за облекување што одразуваат скромност и строгост.
Жените и мажите можат да изберат од 15 дозволени фризури. Оние кои носат нелегални фризури ризикуваат казна, вклучувајќи парични казни, принудна работа или дури и затвор.
Доколку сте турист, целиот ваш музички, телевизиски, филмски и пишан материјал ќе биде темелно проверен пред да влезете во земјата.
Земјата нуди неколку телевизиски канали, од кои сите се под владина контрола.
Воспоставувањето меѓународни повици е кривично дело. Во 2007 година, еден човек кој остварил неколку меѓународни повици бил убиен.
Консумирањето марихуана е прифатливо и за разлика од повеќето земји, продажбата и консумирањето на дрогата не е казниво со закон.
Занимањето го избира владата, врз основа на потребите на земјата.
Оние кои не се придржуваат се праќаат на принудна работа. Граѓаните не можат да имаат исто име како и сегашниот претседател. Секој што се викал Ким морал да го промени своето име според закон.
Не се дозволени ни билети за концерти, Wi-Fi, спортски автомобили, западни списанија, новогодишни елки или други празнични украси.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата