Во светло на зголемените тензии помеѓу Израел и Иран, Турција презеде дополнителни мерки за сигурност долж својот источен граничен појас, потврдува извор од одбранбениот сектор во Анкара.
До овој момент не е забележано зголемено движење или прилив на нелегални мигранти преку границата со Иран, соопштија властите.
Турската држава исто така продолжува со развој на комплексен систем за одбрана од воздушни и ракетни напади, кој се потпира на домашни радари и оружени технологии.
Овие зајакнати мерки имаат за цел да ја задржат оперативната подготвеност на својот максимум и да овозможат брзи реакции во случај на какви било инциденти.
По почетокот на нападите на Израел врз Иран, турски авион за итни интервенции веднаш е ставен во функција, патролирајќи на границата со цел да се спречат евентуални нарушувања на воздушниот простор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата