logo
logo
logo

ТАЈНИТЕ НА БИЛ ГЕЈТС ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА

Vecer | 24.06.2026

ТАЈНИТЕ НА БИЛ ГЕЈТС ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА

Бил Гејтс призна за време на сослушувањето пред американскиот Конгрес дека во текот на бракот со Мелинда Гејтс имал три вонбрачни врски, а за првпат јавно беа откриени имињата на двете жени со кои бил во врска. Основачот на „Мајкрософт“ потврди дека бил во врска со медицинската претприемачка Алис Џејкобс Неселрод и со руската нуклеарна научничка Карима Нигматулина.

Деталите беа објавени во транскриптот од сослушувањето пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом, кое беше насочено кон односот на Гејтс со починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн. Гејтс изјави дека жали за пријателството со Епштајн и порача дека би сакал никогаш да не се запознаеле.

Во транскриптите се наведува дека Гејтс ѝ ги признал аферите на поранешната сопруга Мелинда пред 2013 година и дека таа, како што тврди тој, била „многу потресена“. „Тоа беше многу тешко за неа, но тогаш не разговаравме за развод“, рече Гејтс.

Дел од сослушувањето беше посветен и на е-поштата од документацијата на Епштајн, во која се споменуваат детали за односите на Гејтс со наведените жени. Пратениците истакнаа дека Џејкобс имала контакти со Епштајн и дека подоцна го запознала Борис Николиќ, поранешен советник на Фондацијата Гејтс.

На прашањето за можна уцена од страна на Епштајн, Гејтс рече: „Не бев уценуван“, но призна дека одредени пораки од е-поштата „оставаат впечаток како Епштајн да размислувал во таа насока“. Надзорниот одбор ја продолжува истрагата за начинот на кој американските институции постапувале во случајот со Епштајн и за документацијата што е објавена досега, пишува „Дејли мејл“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk