На 6 август, годинава, беше пронајден дрон со експлозивна направа на аеродромот Лајпциг/Хале кој според гермнските влсти веднаш беше претставен како „нов квалитет на закана“, како што изјави германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт. Според него, постојат сериозни индиции дека станува збор за „хибридно сценарио за напад“.
Според извори од безбедносните служби, дронот бил пронајден во близина на украински транспортен авион. Во втор инцидент што се случил истата ноќ, непознат објект удрил во товарен авион, кој потоа со помали оштетувања слетал во Хановер.
„Моја проценка е дека овде се соочуваме со хибридно сценарио за напад“, рече Добринт. „Фактот дека дрон вооружен со експлозив се наоѓа на територијата на аеродром е ново сценарио на закана.“

Аеродромот Лајпциг/Хале се смета за важен логистички центар за транспорт на воена опрема во контекст на војната во Украина.
Експертот за безбедност Нико Ланге изјави дека инцидентот во Лајпциг се вклопува во моделот на руските хибридни напади насочени кон Германија.
„Многу е веројатно дека станува збор за таков хибриден напад“, изјави Ланге за телевизијата „Феникс“, со што Германците ја обвинија Русија дека стои зад нападите.
Но, безбедносните експерти од НАТО сметаат дека нема основ за тоа. Агенциите на НАТО не пронајдоа докази против Русија.
Разузнавачките агенции на НАТО им советуваа на своите власти да се воздржат од давање јавни изјави за одговорноста на Москва за инцидентот на аеродромот во Лајпциг, соопшти прес-службата на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР).
.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата