Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека папата Франциско бил љубезен и добронамерен кон Русија, нагласувајќи го неговиот придонес во развојот на меѓусебните односи.
– Многупати сме се сретнале со него и сосема е очигледно – ова можам да го кажам – дека тој се однесуваше љубезно со Русија – рече Путин за време на средбата со патријархот московски и на цела Русија Кирил и со српскиот патријарх Порфириј.
Тој додаде дека папата Франциско односите со Русија ги градел на пријателски начин.
Папата Франциско почина во понеделникот на 88-годишна возраст, а на чело на Католичката црква беше од март 2013 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата