logo
logo
logo

Франција наскоро ќе ја признае Палестина како држава

Францускиот претседател најави официјално признавање на Палестина на Обединетите нации оваа есен.

Vecer | 24.07.2025

Франција наскоро ќе ја признае Палестина како држава

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција во наредните месеци ќе ја признае Палестина како држава.

Оваа одлука тој ја објави на социјалните мрежи, нагласувајќи дека признавањето ќе стане официјално на Генералното собрание на Обединетите нации што ќе се одржи во септември.

Врз основа на историската посветеност на Франција за праведен и траен мир на Блискиот Исток, решив нашата држава да ја признае Државата Палестина. Свеченото соопштение ќе го направам на Генералното собрание на ОН оваа есен.

Емануел Макрон, француски претседател
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, под чадор на 24 јули 2025 година, во Елисејската палата, Париз (AP Фото: Мишел Јулер).
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, под чадор на 24 јули 2025 година, во Елисејската палата, Париз (AP Фото: Мишел Јулер).

Макрон потенцираше дека најитен приоритет сега е да се прекине војната во Газа и на цивилите да им се обезбеди помош. "Мирот е возможен", нагласи тој.

  • Итен прекин на огнот
  • Ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас
  • Разоружување на Хамас
  • Меѓународна помош за гладното население во Газа

Во неговата објава беа вклучени и фотографии од писмо упатено до палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кое ја објаснува одлуката за признавањето.

Израелскиот министер за дијаспора Амихај Чикли реагираше на платформата X со кратко видео во кое сопругата на Макрон го турка по лицето – клип што стана интернет сензација во мај и предизвика разни шпекулации во јавноста.

Доколку Франција го спроведе ова признавање, ќе биде најзначајната европска земја што ќе преземе ваков чекор, со што ќе се зголеми меѓународниот притисок врз Израел за прекин на воените операции во Газа.

Подсетуваме, Шпанија, Норвешка и Ирска го признаа Палестинскиот статус во мај 2024 година.

Ако ја напуштиме Газа и дозволиме Израел да делува неказнето, ја губиме сопствената веродостојност во светот. Мора да ги почитуваме принципите и правилата, бидејќи од тоа зависи светскиот поредок.

Макрон на безбедносен форум во Сингапур, мај 2024 г.

Израелското министерство за надворешни работи до овој момент не даде официјален коментар по најавата на Макрон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk