logo
logo
logo

ТОЛКУ ОД ПРЕНОС НА МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛ - Арена Спорт“ го раскинува договорот со ФФМ

Vecer | 03.10.2024

ТОЛКУ ОД ПРЕНОС НА МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛ - Арена Спорт“ го раскинува договорот со ФФМ

Регионалната ТВ мрежа „Арена Спорт“ ќе го прекине договорот со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и повеќе нема да врши преноси на натпреварите од македонската Прва лига, објави „Спортспорт“.

Според извори на порталот, „Арена Спорт“ ги смета натпреварите од ПМФЛ за „циркус“ и не се заинтересирани за понатамошно покривање.

Од почетокот на сезоната, во изминатите осум кола, не беше пренесен ниту еден натпревар, а одлуката ќе значи дека и Македонската телевизија (МТВ), која ги преземаше преносите од „Арена Спорт“, ќе остане без можност да емитува македонски фудбал.

Во последните три сезони, преку „Арена Спорт“ и МТВ, фудбалските навивачи имаа можност да ги следат домашните натпревари во живо. Но, со идниот развој на настаните, тоа ќе биде невозможно, барем за догледно време.

Сепак, за љубителите на македонскиот фудбал останува можноста да ги следат натпреварите на Вардар и Брера, кога играат на домашен терен, преку регионалната ТВ мрежа „Спортклуб“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk