logo
logo
logo

И Исак на „Енфилд“: Дали “Редси“ се новите “ГАЛАКТИКОСИ“?!

Vecer | 24.07.2025

И Исак на „Енфилд“: Дали “Редси“ се новите “ГАЛАКТИКОСИ“?!

ФОТО: Newcastle United F.C./FB

Сега веќе нема дилеми. Ако вчера пренесовме дека Ливерпул и официјално тргнува по Александер Исак, а Родриго е резервна опција, денеска нема дилеми. Вестите од Островот велат дека Ливерпул и Швеѓанецот и еден од најдобрите напаѓачи во светот, започнале преговори за личните услови, а “Редси“ до Њукасл испратиле понуда од 140 милиони евра плус бонус за кои може да се разговара. Таа сума се приближува до тие 175 милиони евра кои Њукасл ги бара.

Ако овој трансфер се реализира, тогаш Ливерпул ќе дојде до сумата од 450 милиони евра за ова лето со кои ги купил Вирц, Керкез, Фримпонг и вчера Екитике, а секако и Исак.

Ова е нешто неверојатно.

Дали со ова “Редси“ се новите “ГАЛАКТИКОСИ“.

Ливерпул секако дека има го имал најдобриот тим во ПЛ, и еден од најдобрите, ако не и најдобар во Европа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk