logo
logo
logo

Шок во Милано: Интер неколку недели без Лаутаро

Vecer | 15.10.2026

Шок во Милано: Интер неколку недели без Лаутаро

Поради повреда на мускулот на левата надколеница, Лаутаро Мартинез, првиот напаѓач на Интер, нема да биде во можност да настапува неколку недели.

Повредата на најдобриот стрелец на Интер доаѓа во мнкгу незгоден момент, затоа што на 31 октомври е закажана градската пресметка со Милан.

На истата речиси сигурно Лаутаро нема да биде подготвен да настапи, затоа што паузата ќе трае минимум 20 дена.

Тренерот Кристијан Киву ќе мора да најде алтернативни решенија во нападот за натпреварите во Серија А против Болоња, Фиорентина и Венеција, како и за дуелот во Лигата на шампионите против Шахтјор.

Интер се надева дека Мартинез нема да му се приклучи на аргентинскиот национален тим, што ќе му овозможи да закрепне без дополнителни напори и да се подготви за натпреварот против Аталанта, кој ќе се одигра по паузата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk