logo
logo
logo

Итен состанок на СБ - РУСИЈА НАПАЃА ВО ЦРНОТО МОРЕ, огромни трговски бродови во пламен!

Vecer | 13.10.2026

Итен состанок на СБ - РУСИЈА НАПАЃА ВО ЦРНОТО МОРЕ, огромни трговски бродови во пламен!

Црното Море прераснува во сè поопасна зона за цивилниот сообраќај откако два трговски брода беа погодени со софистицирани беспилотни летала во непосредна близина на бугарската брег. Според соопштението на бугарскиот премиер Румен Радев, еден од бродовите веќе потонал во морските длабочини, додека од вториот итно беа евакуирани сите 15 членови на екипажот.

Драматичниот инцидент се случи во текот на ноќта, околу 28 километри од крајбрежниот град Бјала, кога брод регистриран во Одеса бил погоден од три воздушни дрона. Во нападот се повредени петмина морнари од вкупно 15-члениот екипаж со составен од украински и азербејџански државјани, кои итно беа префрлени во болница во Варна. Погодениот брод долг 136 метри почнал да се накренува и во моментов неконтролирано плута крај 'ртот Свети Атанасиј.

Итен состанок на Советот за безбедност и НАТО консултации

Состојбата дополнително ескалираше со потврдата за вториот брод кој потона на 17 наутички милји источно од Крапец. Од него засега е спасен само еден член на екипажот, додека судбината на останатите морнари сè уште не е позната.

– „Уште еден софистициран напад врз цивилни трговски бродови во непосредна близина на бугарските територијални води е апсолутно неприфатлив“, истакна премиерот Радев по итно свиканиот состанок на Советот за безбедност.

Бугарскиот државен врв најави дека итно ќе ја повика руската амбасадорка Елеонора Митрофанова на разговор, а за драматичната ситуација веќе се известени генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и постојаните претставници на Бугарија во Алијансата и Европската Унија. Ова е втор ваков брутален инцидент на црноморското крајбрежје за помалку од две недели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk