ФИФА попладнево го објави распоредот на натпреварите за групната фаза за Светското првенство во 2026 година. Турнирот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули, следната година, во три земји: САД, Канада и Мексико. За првпат, на Светското првенство ќе учествуваат 48 репрезентаци, поделени во 12 групи од по четири селекции.
Честа да го отворат шампионатот ќе ја имаат Мексико и Јужна Африка. Првиот натпревар од турнирот ќе се одржи на 11 јуни на стадионот „Естадио Ацтека“ во Мексико Сити. Македонија ако успее да се пласира на Мундијалот преку бараж- натпреварите, својот историски меч на Мундијалите ќе го игра исто така на првиот ден на првенството и тоа во Гвадалахара против Ј. Кореја.
Првите две селекции од секоја од 12-те групи, заедно со осумте најдобри третопласирани селекции, ќе се пласираат во нокаут-фазата на турнирот. Финалето на Светското првенство ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, предградие на Њујорк.
Слетскиот првак Аргентина првиот меч на СП 2026 ќе го има на 16 јуни против селекцијата на Алжир во Канзас Сити.