Ливерпул им приреди нов шок на своите навивачи, откако остана без два сигурни бода на гостувањето кај Лидс. Иако водеше со 0:2, а потоа и со 2:3, Ливерпул предводен од Арне Слот на крајот мораше да се задоволи само со реми – 3:3.
Првото полувреме против Лидс не понуди многу и заврши со резултат 0:0. На стартот на вториот дел, Уго Екитике стапи на сцена и постигна два гола, прво во 48-та минута за 0:1 и во 50-та минута за 0:2. Сепак, Лидс се врати во 73-тата минута. Конате направи фаул за пенал за Лидс, а сигурен стрелец за 1:2 беше Калверт-Луин. Нов шок за Ливерпул стигна во 75-тата минута кога Стах постигна гол за 2:2.
Во 78-та минута, Собослај донесе ново водство на гостите од 3:2, но во 96-та минута, Танака постигна гол за конечни 3:3 и нови проблеми за Ливерпул.