Или пак сериозна реконструкција на постиечкиот, легендарен Пољуд, кој за жал е во катастрофална состојба.
Вака некако Хајдук Сплит се пожали самиот на себе откако објави фотографии од моменталната сосстојба на стадионот Пољуд, неговиот дом.
Тој е одамна за реконструкција, но проблемот е што во моментов клубот е далеку од нешто конкретно на оваа тема.
Фотографиите вистински одсликуваат за што точно се работи. Дотраената инсталација, рѓосаната конструкција, и изронатиот бетон е само дел од „декорот“ кој што во моментов го краси овој некогаш грандиозен стадион. Но во осумдесетите години од минатиот век. Од тогаш минаа четириесетина години, а Пољуд освен што го разубавуваат дваесетина илјади навивачи секој втор викенд друго со ништо не може да се пофали.