logo
logo
logo

ЛШ: Спортинг го направи „невозможното“, петарда во мрежата на Бодо (ВИДЕО)

Vecer | 17.03.2026

ЛШ: Спортинг го направи „невозможното“, петарда во мрежата на Бодо (ВИДЕО)

фото: Instant Foot @lnstantFoot (X)

За првпат во својата клупска историја, Спортинг ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Момците на Руи Боргес вечерва успеаја да го направат „невозможното“ и по 30 дополнителни минути се изборија за место меѓу осумте најдобри тимови во Европа.

Спортинг го победи Бодо со 4:0 во меч во кој имаше тотална доминација. Во регуларните 90 минути резултатот беше 3:0, што беше идентично како победата која Бодо ја донесе во Португалија од првиот меч на домашен терен. Спортинг според шансите можеше да ја заврши работата и во регуларниот дел од мечот, но од бројните шанси домашните реализираа само три: Инасио (1:0), Педро (2:0) и Суарез (пенал за 3:0).

Потоа следуваа продолженијата, а домашните уште во втората минута успеаја да дојдат и до четврти гол. Левиот бек Араухо погоди за 4:0.

Спортинг до денеска двапати беше елиминиран во осминафиналето на ЛШ, а единствен пат играл во четвртфинале во најсилното натпреварување во стариот формат на Куп на европски шампиони во сезоната 1982/83.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk