logo
logo
logo

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Vecer | 24.06.2026

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија практично одлучувачки чекор кон квалификацијата во втората рунда на Светското првенство, што сега е речиси сигурно.

Селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез, ја искористи вајлд-картата во ликот на Ермин Махмиќ, кој го постигна својот втор гол на турнирот по влегувањето во играта, со што ја обезбеди најголемата победа во историјата на фудбалот во БиХ.

Босанците поведоа со еден прекрасен гол на Алајбеговиќ во 29. минута, а по што Ал Браке постигна автогол во 34. минута за 2:0. Катар с еврати со голот на Ал Хајдос во 42. минута, но во вториот дел резервистот Мемиќ со погок во 80. минута ја запечати победата на БиХ.

Швајцарската фудбалска репрезентација се пласираше на првото место во групата „Б“ на Светското првренство и обезбеди 1/16-финале. Европјаните го добија дербито од групата Б во Ванкувер против домашната селекција на Канада со резултат од 2:1.

Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Швајцарија отвори по неполна минута во вториот дел со голот на Варгас, по што следуваше налет и втор погодок на Манзамби во 57. минута. Мала неизвесност врат Промис Дејвид со голот во 76. минута, само една минута откако влезе како замена од клупата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk